Мишел Сканга од американскиот сајт Who What Wear работи на уредничка функција како едиторијал-директор, односно визионер кој ја води содржината во медумот. Како професионалец во модната индустрија обрнува внимание на изгледот, има допирни точки со повеќе брендови и дизајнери, што подразбира одредени бенефити при облекување. Но, и покрај тоа модата ѝ е на дланка, Мишел признава дека е тешко да се смислат и комбинираат 251 изглед, колку што е бројот на работни денови во САД. Таа одлучи да ги документира комбинациите за на работа, кои ќе ѝ служат како референтна датотека и ќе ѝ го олеснат изборот, но исто така може и вам да ви помогнат при креирањето на деловен изглед.
Нема коментари