Моќни женски костуми, добро скроени панталони, молив-здолниште, кошула со едноставен крој, квалитетна чанта се дел од модните парчиња кои се класика во деловното облекување и стил што се препорачува кога сакате да оставите позитивен прв впечаток. А добар впечаток треба да оставите кога одите на интервју за работа, кога имате прв состанок со новите клиенти, на деловни средби во корпоративниот свет.
Уредниот изглед и правилно избраната деловна облека играат важна улога во бизнис средбите, неадекватните и премногу нападните комбинации оставаат лош впечаток и го одвекуваат вниманието од разговорот и вистинската работа.
Класичните, но осовременети деловни парчиња се добитна комбинација која гарантира професионалност за време на некоја бизнис средба. За да не изгледате премногу формално или доста повозрасно, разиграјте ја комбинацијата со трендовски или пошарени елементи како широки панталони, сако со принт или блуза со деликатен дезен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари