Американскиот дизајнер е препознатлив по квалитетна практична гардероба која ги задоволува вкусот на повеќето жени, а за сезоната пролет-лето 2014 тој предложи неодолива колекција во неутрални нијанси која може да ја користите и како деловна облека. Тоа особено се однесува на следниве пет стајлинга кои иако се наменети за пролет 2014, кога би ги комбинирале со хулахопки и дополнителни парчиња, лесно може да ги примените и во овој транзиционен период. Широките панталони и белата кошула во стилот на Кетрин Хепберн се безвременска комбинација, потоа Корс предлага лесен мантил-фустан дефиниран со ремен, широко здолниште кое може да се комбинира со различни блузи, шарениот фустан е брз избор за деловен дрес-код, а еве и една комбинација која како да доаѓа од 70-тите – глок здолниште, бела кошула со широки набрани ракави, сив елек и тенок ремен.
Нема коментари