Меѓу есенските бои оваа сезона доминира една најанса на загасито портокалова, дел од палетата на земјени бои која што e одличен моден избор, бидејќи e супер ласкава за секој тон на кожа. Привлечно реферира на вкусна тиква и на паднати есенски лисја, а како боја ја има во повеќето модни колекции за оваа сезона. Еве и една деловна верзија во нијанси на загасито портокалова – главната улога ја има сакото во оваа боја и чантата во ист тон, а комбинацијата е дополнета со елегантни панталони со трендовски крој (во чие каро има тон на портокалова), и со класични салонки и бела кошула.
Нема коментари