Актерката Џесика Алба деновиве присуствуваше во Париз на неколку модни ревии, а во оваа комбинација се појави на презентацијата на „Диор“ – широки килот-панталони во бордо боја, елегантна бела кошула со вез на крагната, кратко палтенце и удобни чевли подебели потпетици и украсна тока. Комбинацијата има елементи на матадорски аутфит низ призмата на париски шик, а може да послужи како пример за трендовски изглед во канцеларија, доколку е премногу формален за во канцеларија, може да го смирите со кардиган, понеутрална боја на панталони и посоодветна чанта наместо оваа мала на „Диор“.
Нема коментари