Ви предлагаме една едноставна варијанта што може да ја носите на работното место, која што доволно ги следи кодовите на деловен изглед, и во исто време е полежерна и наменета за летно време. Најважното парче е фустанот, во овој случај со рамен крој и долг до колена, во привлечна пастелно розова нијанса, и кој е комбиниран со сива чанта на „Сен Лоран“, сандали со блок-потпетица во неутрална боја, очила за сонце и со минимална употреба на додатоци (доволни се само ситни обетки и елегантен часовник). Викендов искористете го за шопинг на слична стилска варијанта што веќе во понеделник може да ја „промовирате“ во канцеларија.
Нема коментари