Американскиот бренд Theory негува елегантен и минималистички стил со доза на луксуз, комбинација на квалитетите кои успешните деловни жени сакаат да ги вметнат во својот моден стил. Во колекцијата за пролет-лето 2015 брендот нуди неколку опции на изглед за во канцеларија, како монохроматски комбинации, верзии на пролетен мантил и сакоа без ракави, панталони со едноставен крој, но и модели од трендовките килот-панталони, бели кошули како симбол за вечна елеганција на работното место, бел костим како класична комбинација за топлите денови. Боите се црна, бела и неутрални бежови нијанси, но се среќава и темно бордо и портокалови тонови.
Нема коментари