Покрај тоа што е позната актерка и модна инспирација, Џесика Алба во исто време е и деловна жена, коосновачка и менаџерка на сè поуспешната компанија Honest која се бави со производство на еколошки производи за деца и за домот. Секогаш кога ја претставува компанијата и кога оди на бизнис состаноци бира соодветен деловен изглед. Таков е случајот и со оваа пастелна комбинација од панталони со висок струк, луксузна ролка и долго палто, што ја носеше неодамна на Executive Womens Conference, конференција на успешни и жени претприемачи што се одржува во Њујорк. Таа изгледа како успешна деловна жена во оваа елегантна комбинација, но без да личи на строга корпоративна жена. Изгледот го дополнила со чевли на платформа и бела чанта од „Кензо“.
Нема коментари