Имиџот на вработена девојка е доста релевантен во денешно време. Без разлика дали работите во голема компанија, решавате судски случаи, смислувате комплексни бизнис операции или сте фриленсер, во вашата гардероба мора да најдете место за деловен костим. Сите опции се во игра – класични костими со панталони со строг крој, комплети со релаксирана форма, модели со посвечен изглед кои можат да го заменат фустанот за некој вечерен настан, посмели костими за оние што се во креативните индустрии… За пример, да ги погледнеме стајлинзите на познатите и да извлечеме по некоја стилска лекција од нивниот стил.
ВИКТОРИЈА БЕКАМ
Oткако се занимава со мода применува женствен минимализам и често носи костими со панталони. Обрнете внимание како ги носи – тесни панталони кои ги истакнуваат нозете во спој со подолго сако со поширок крој.
БЕЛА ХАДИД
Манекенката се навраќа на стилот од 90-тите и успева да комбинира костим од строго сако и кратко здолниште со маичка со принт за малку полежерен изглед. Преведено за во канцеларија, задржете на младешката нота, но овој изглед за да биде деловен предвидува подолго здолниште и блуза наместо маица.
ЛЕЈДИ ГАГА
Костимот што го носи пејачката и актерка можеби е предимензиониран, но илустрира како машкиот крој може да биде исклучително женствен. За на работа одберете костим со поширок крој, но сепак не толку екстравагантен како комбинацијата на Лејди Гага.
КАРА ДЕЛЕВИН
Манекенката на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл се појави во свечен смокинг-костим наместо во фустан, кршејќи ги традиционалните правила. Можеби нема да одите на кралска свадба, ама позајмете ја идејата на Кара за некој вечерен настан организаиран од вашата компанија.
ТРЕЈСИ ЕЛИС РОС
Овој малку необичен костим на Трејси од широки панталони и нетипично деловно сако, можеби е идеја за некој покреативен работен настан.
Нема коментари