Женскиот костим од сако и панталони е базата за деловен изглед во канцеларии со построг дрескод, но тоа не е причина за строг и досаден бизнис имиџ. Модните брендови и дизајнерите предлагаат современи комплети од совршено скроени сакоа и панталони со модерен крој во кои ќе изгледате како успешна деловна жена. Овие костими кога се комбинираат со класични кошули, големи чанти и едноставни салонки нудат стилови за во канцеларија, но кога парчињата се носат одвоено или во комбинација со полежерни парчиња, може да бидат прикладни за понеформални пригоди или вечерни излегувања. Внимавајте, кога бирате костим тој мора да биде во соодветна величина или скроен по мерка, и што е важно со осовременет крој, во спротивно ќе изгледате демоде и неуредно.
Нема коментари