Светли бои, природни материјали и широки кроеви се императив во бизнис-стилот во летиот период. Високите температури во летните денови се предизвик кога треба да се осмисли бизнис изглед, бидејќи треба да се најде вистински баланс помеѓу строгите и формални комбинации кои ги бара професијата, и лежерноста и лелеавоста која е карактеристична за летната мода. Добар избор на летен деловен изглед се светли костими и сакоа од лесни материјали, ленот во построга верзија (панталоните и кошулите треба да бидат уредно испеглани, стутканиот лен е за покежуал пригоди), а палетата на бои нека биде посветла.
Нема коментари