Во месецот во кој сè уште уживаме во топлите денови и деловната облека што ја бираме ја прилагодуваме на летната сезона, време е да мислиме и на есенската професионална гардероба. Најпогодно е да пронајдете комбинации кои од летни лесно ќе се трансформираат во есенски. На пример, летната комбинација од широки панталони и лесна блуза во постудените денови надополнете ја со палто. Во лето носете бела маица со интересна текстура и шарено здолниште, а со есенските денови дополнете со кожена јакна. Менувајте ги обувките, додавајте или одземајте лесни џемпери или палта, за да добиете повеќе различни комбинации што ќе може да ги носите и во август и во септември.
Нема коментари