Враќањето на работното место е неизбежно, следат есенски денови во канцеларија. Идеи како да ја организирате деловната облека за претстојната сезона ловиме од фотографиите на улична мода – тие се извор на изграден стил, елеганција и мода со карактер.
Следејќи ги трендовите есенва ќе бидат актуелни предимензионирани парчиња, за деловниот код тоа нека бидат пошироки сакоа, панталони или кошули. За построг изглед, внимавајте на пропорциите и комбинирајте поширока со потесна облека.
Добра е опција е кога панталоните ги спојуваме со џемпер. Плетивото е тренд сезонава, а за во канцеларија тоа нека биде тенко или средно дебело. Според уличната мода, хит се комбинациите во иста нијанса.
Патиките се опција за оние професионални средини каде што се дозволени. Носете ги со костим.
Монохматскиот изглед е секогаш елегантен и зборува за професионален пристап во работата, особено кога се состои од неутрални бои како тегет и беж.
Нова идеја есенва е елекот како третиот дел од костимот, препорауваме модел со ситно Prince of Wales каро.
Имајте предвид дека овие изгледи од погорните фотографии се доста стилизирани и со некои детали несоодветни за деловен стил. Ловете ја инспирацијата и идејата, не комплетниот стајлинг.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари