Сезонава доста актуелни се панталоните со висока половина, тенденција што лесно може да се прифати и во рамките на деловното облекување. Фармерките и сите останати видови на панталони со спуштена половина се строго забранети во канцеларија и на повеќето работни места, ама затоа другата крајност, моделите со висока половина се сосема адекватни и доловуваат одредена елеганција. Доколку сакате вакви панталони за на работа, бирајте модели кои не се премногу широки, а за пролетната сезона може да се одлучите и за посветла палета на бои, најдобро во неутрални и земјени тонови. Избегнувајте ги нападните шари и дречливите бои. Комбинирајте со свилена блуза и чанта во поинтензивна боја, а може да додадете парчиња накит и добро струкирано сако на пруги или пак пролетна кожена јакна за малку понепредвлидлив деловен стил.
Нема коментари