Доминацијата на цветниот принт, јаките тонови, тропските шари и т.н. пижама изглед во секојдневната мода ова лето се рефлектира и на изгледот на работното место. Модните куќи и брендовите во своите колекции за пролет-лето лансираа сакоа и костуми (палто и панталони) со впечатлив принт, надвоврзувајќи се на овие трендови. Таму каде што нема многу строг дрескод и каде што има можност за модни отстапки, палтата со цветен принт може да најдат повеќекратна примена. Оваа сезона цветното сако се носи како главно шарено парче-во комбинација со еднобојни или неутрални модели, а може да се спои и со други шари: фустан со пруги, кошула со точки или со долен дел со ист принт. Клучно кај овие палта е што се со класичен крој и се со меки материјали, соодветни за топлите пролетни и летни денови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари