Враќањето на работното место по завршување на празниците и зимскиот одмор направете го со сезонско освежување на својот деловен изглед. Покрај идеите за нови комбинации со старите парчиња, имиџот може да го дополните со нова меѓусезонска креација, која ќе ви даде нов елан на стартот на 2018 година. Популарниот шпански бренд „Манго“, кој со секоја нова линија се навраќа на елеганцијата, минимализмот и женственоста, претстави мини колекција за овој преоден период со модели за на работа.
Креациите може да најдат широка употреба во студените месеци и надвор од канцеларијата, но и во претстојната пролет. Потенките парчиња се комбинирани со трендовска црна ролка или со кошула. Понудени се фустани и кошули на преклоп со пруги, плисе здолништа, џемпери од тенка волна, панталони со висока половина. Трендовите се прилагодени на елеганцијата, па така актуелните лежерни модели со спортски призвук довиле отмена верзија. Создаден е мал црн фустан инспириран од маичка за трчање, плетен модел налик на голфската поло-маичка и друго.
Дел од креациите се инспирирани од модата во 80-тите, со нагласени ракави и рамена и со широк струк. Застапени се и мантили, костуми, палта, панталони кошули инспирирани од машкиот крој.
И оваа сезона продолжува трендот на масивни гедрани, колани врз палта и потпетици со V- изрез. Покрај белата и црната боја понудени се сего доста актуелната зелена нијанса , како и цигла портокаловата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари