Супермоделката и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна се појави во оваа комбинација од кожени панталони на Изабел Марант, јакна на преклоп на брендот Lover и коцкеста чанта на „Клое“ и веднаш се сетивме на моќниот power-suit изглед од 80-тите години кој се роди паралелно со растот на успешни деловни жени на чело на големите компании. Роузи комбинацијата ја дополни со салонки и очила во стилот на Реј Бан, а вие лесно може да ја приспособите оваа комбинација и за работа во канцеларија. Наместо кожени, изберете модел од полесна ткаенина, салонките може да бидат обични наместо со проѕирна апликација, но задржете го ставот и моќниот чекор на манекенката. Тоа секако ќе ви треба за успешно работење во канцеларија.
Нема коментари