Сезоната есен-зима 2013/14 ја дефинираше модерната деловна жена. Таа сè уште е самоуверена, вредна, паметна и секси, но сега и релаксирана и комотна во облеката што ја носи. Од совршено скроени сакоа и широки панталони до шарени блузи, познатите дизајнери создадоа комбинации за шик бизнис изглед за повеќе пригоди, додека сте во канцеларија, на деловен ручек, на важен деловен-состанок…
НАРЦИСО РОДРИГЕЗ
На состанок: Оваа сезона дизајнерите предложија модерни верзии на костим со панталони – елегантни и минималистички. Добро скроено палто и црни панталони со едноставна форма се доволни за да покажете став на моќна деловна жена.
РЕБЕКА МИНКОФ
Работа на компјутер: Тоа што седите по цел ден на биро и гледате во монитор не мора да значи дека гардеробата што ја носите треба да биде незабележлива… Напротив, истакнете се и преку облеката така што ќе одберете необични панталони и блуза со смел дезен.
THEYSKEN’S THEORY
Забава после работа: Нема ништо лошо во тоа да ги покажете нозете сè додека тоа го правите во умерена доза. Шорцеви од дебела ткаенина и сако од истиот материјал одговараат за транцизијата од канцеларија во кафуле.
ДАЈАН ФОН ФУРСТЕНБЕРГ
Ручек со деловни партнери: Женствен и пристоен истовремено, фустанот на преклоп е гаранција дека ќе склучите успешен договор со соработниците.
НАНЕТ ЛЕПОР
Релаксиран петок: Повеќе западни земји петок го сметаат за ден кога може да го скршите строгиот деловен дрес-код и на работа да дојдете во полежерни комбинации. Блуза со цветен дезен и тесни панталони се супер кежуал комбинација.
MILLY
Годишен преглед: Во оној дел од годината кога се прават годишки пресметки во фирмата и кога сите вработени се под голем стрес, најмалку треба да сте оптеретени со облеката. Затоа изберете комбинација во која се чувствувате најудобно.
ЏЕЈСОН ВУ
Забава во фирмата: Фустан во интензивна боја и кој одговара на дневна и вечерна пригода е соодветен избор за забава во канцеларија. Еполетите на овој фустан додаваат бизнис расположение на моделот.
МАЈКЛ КОРС
Интервју: За созтанок со потенцијалниот работодавец сакате да изгледате елегантно, но не премногу строго. Земете си креативна слобода и на облеката во неутрални нијанси додадете некој моден детаљ кој го отслкикува вашиот личен стил.
РИД КРАКОФ
Состанок со клиент: На ваква средба сакате да изгледате рафинирано, но и со став за пристапност до клиентот. Бидете практични и одлучете тесни панталони и горен дел со поширок крој.
THAKOON
На семинар: Едноставен костим во трендовски розева боја со збогатен со шик украси ќе ве издвои од толпата без да бидете премногу нападни.
J.CREW
Ден полн со состаноци: Ако агендаta ви е исполнета со повеќе различни обврски и состаноци, одберете комбинација во која ќе се чувствувате кпријатне и со која лесно ќе се движите. Најдобар избор се парчиња во јаки бои и смели шари, а внимавајте и чевлите да бидат удобни.
КАРОЛИНА ХЕРЕРА
Хуманитарна гала вечер: Во вечерен фустан во јака боја со нежно деколте и суптилно поставени украсни каменчиња ќе изгледате елегантно и ќе го избегнете моментот на претерано китнесто украсување.
Нема коментари