Кога имате густа работна агенда, сте заглавиле на работа до доцна и немате време да се вратите дома и да се пресоблечите на закажото вечерно излегување, доволни се една или две едноставни промени со кои деловниот изглед ќе го претворите во вечерен.
Мал црн фустан
Малиот црн фустан класика во женската гардероба и ултимативно парче кое може да се носи од утро до мрак. Носете го со убав кардиган и поудобни чевли, за вечерна забава соблечете го кардиганот и облечете посвечени чевли.
Обетки
Сменете ги малите и нежни обетки пригодни за дневни обврски во канцеларија, во големи и впечатливи обетки за навечер.
Кожено здолниште
Здолништето со молив-крој е исто така едно од оние безвременски модни парчиња што со промена на чанта и горен дел може да си прилагоди од деловна во вечерна пригода.
Накитена чанта
Малата чанта украсена со камчиња или некој друг украс лесно ја собира во вашата голема чанта што ја носите на работа. Навечер едноставно префрлете ги важните работи во помалата чанта, а големата оставете ја во гардероба или во автомобил.
Смокинг сако
Сменете го деловниот едноставен блејзер во вечерно смокинг сако.
Впечатлив гердан
Навечер треба да блеснете, па на едноставните панталони и кошула што сте носеле дента во канцеларија, додадете впечатлив светква гердан.
Вечерни чевли
Еден од најлесните начини да ја трансформирате бизнис облеката во вечерна е да ги смените чевлите од дневни салонки во вечерни сандали со повисоки потпетици.
Нема коментари