Една од најчестите грешки што жените ја прават во однос на деловниот изглед е изборот на нападна шминка и на јаки бои кои повеќе одговраат за вечерни или свечени пригоди. Стилистите и експертите за деловен протокол постојано советуваат употреба на неутрална шминка, особено за професионални средини од највисок ранг. Но, тоа не значи дека треба да бидете без шминка, со блед тен или во досадни бежови тонови. Бирајте сенки, руменила и кармини во неутрални тонови, но со мала доза на боја и shimmer. На пример, розово-златна сенка наместо едноставна во беж боја, а која е добродојдена и во најконзервативната канцеларија. Изгледот комплетирајте го со кафено моливче и кафена маскара. Дозволени се и сенки во боја на шампањ и со бакарен отсјај.
Важен елемент на канцелариската шминка е руменилото со чија употреба инстантно се дефинира лицето, се нагласуваат контурите и му се дава свежина. Најдобро е да употребувате руменило во боја на кајсија која одговара со топли металик сенки како бронзена, бакарна или розово-златна. Во однос на усните бирајте посветли бои, кармини со долготрајно дејство, а доколку сепак се одлучите за црвен кармин, нека биде со понежен интензитет и избегнувајте ги премногу сјајните производи.
Нема коментари