Како треба да се облекувате ако работи во познат моден магазин? Премногу дотерано? Едноставно, но професионално? Ултра трендовски или уодбно? Да ѕирнеме во канцелариите на дигиталното издание на американски Harper’s Bazaar и да проследиме како се облечени вработенитe, кои се нивните шопинг-навики, и да украдеме некоја нивна идеја за модерен деловен изглед.
Меган Рејнолдс, уредник на шопинг-одделот на магазинот, носи црн „скорт“ од Нарцисо Родригез, кошула со животински принт од Equipment и секси чевли со високи потептици од Џанвито Роси. Таа вели дека не ги сака правилата за комбинирање бои, па охрабрува да мешате црвена со розова, или тегет со црна, ги обожава своите чизми од Изабел Марант, а до пред една година ни за жива глава немаше да облече сандали од „Биркенсток“ или „скортс“ (спој на здолниште со шорцеви). Но, сега размислува поинаку, па затоа „никогаш не велете никогаш во модата“.
Џојен Кинг, дигитал-директор, облечена е во комбинезон од J. Crew, сандали Серџо Роси и накит од злато и црни камења. И Џојен ја повторува максимата „Никогаш не вели никогаш“ на прашањето во кој тренд не би била облечена ни под разно. Многу инвестира во чевли и чанти, но во лето сака да купува бохо-фустани во продавниците на поевтините хајстрит-брендови. Најлудата работа што ја направила за професијата е кога пред ревија на Александар Ванг се истуркала низ толпата за да седне во прв ред до Сара Џесика Паркер и да направи интервју со неа. А памети и една луда масажа за лице после која цела недела имала ушасни болки.
Уште една директорка во дигиталниот оддел, Криси Ратерфорд, носи панталони од Theory и горен дел од Sandro, со бели сандали од Schutz. Криси никогаш не би облекла фустан или здолниште врз панталони, нешто што еповремен тренд. Троши пари на чевли и јакни, но заштедува на шминка и козметика. Прекрасно се чувствува секогаш кога го носи нејзиниот капут од „Баленсијага“, а првото поскапо парче што го купила биле чевли од Tod’s кои за жал биле еден број помали.
Џули Косин, задолжена да ги уредува социјалните мрежи, носи бел пеплум-топ и црни чевли од „Зара“, во спој со панталони од J. Crew. Таа вели дека многу сака работи што се точни, по мерка, бидејќи често нема време за шнајдер и за преправање на облеката, па затоа не штеди пари кога ќе наиде на панталони или сако кои точно одговараат на нејзиното тело. Иако е ниска, не поднесува чевли со високи потпетици, а не сака ни комбинезони и панталони со прерамки. Признава дека е доста штедлива кога е облеката во прашање, но не може да се контролира во парфимериите на Sephora и купува сè ќе види.
Кери Пјери, една од уредничките во harpersbazaar.com, носи топ од Uniqlo, здолниште од „Баленсијага“ и чевли од Мајкл Корс. Сака да носи облека во бела боја, па дури и чизми преку цела година, не се оптеретува со актуелните трендови, ама не ги ни игнорира. Како повеќето модни познавачи, и таа инвестира во чанти и чевли, а дел од облеката ја купува во брендови како J. Crew и Uniqlo.
Нема коментари