Пред неколку дена шпанското кралско семејство го пречека претседателот на Колумбија, но на дочекот во кралската резиденција во Мадрид вниманието го украде кралицата Летиција облечена во комбинација идеална за деловен изглед во овој преоден период од зима во пролет. Таа носи едноставно молив здолниште со принт што не е нападен, еднобојна блуза, едноставен темен капут и класични беж салонки кои како да го најавуваат светлата пролетна палета. Летиција изгледа елегантно, со минимална шминка и деликатен накит, а комбинацијата со промена на плик чаната со некоја поголема, може да биде избор за секоја деловна жена.
Нема коментари