Во потрагата на инспирација за модерен деловен изглед ѕирнавме во Инстаграм профилот на блогерката Хана, @cocobeautea, која преферира едноставни, но мошне ефектни комбинации. Таа во својот стил со леснотија спојува практични модни парчиња кои се сметаат за класика во елеганцијата, со лежерни модели и нови трендови, со цел да добие складен изглед кој може да се носи и на работа во одредени профеции. Таа преферира парчиња како мантил, бела кошула, костим со панталони, златен накит, добро скроени блејзери и панталони, убави чанти, a понекога прави микс со фармерки и патики како понеформални идеи за деловен стил.
Нема коментари