Постои некоја посебна магија и моќ во молив здолништето, одредена софистицираност. Ова здолниште е толку женствено, бидејќи ги открива женските облини, но во исто време ја нагласува моќта на жената, што го прави совршено парче за секоја деловна жена. Всушност, без разлика дали е миди, малку дополго или покусо, здолништете е базично парче во деловната облека, а поради својот едноставен крој може да се комбинира на различни начини – со волуминозен џемпер, класична кошула, елегантно сако, ниски чевли или високи салонки.
Зависно од кројот и ткаенината, овој вид на здолниште може да го носите од утро во канцеларија до мрак на вечера. Потребни се само неколку промени во модните додатоци. Во однос на бизнис-имиџот, дозволена е разиграност во стилот, но не и премногу шаренило и накитеност со одвишок детали. Ако е здолништето шарено, тогаш останатите парчиња нека бидат едноставни и еднобојни. Доколку здолништето е класично и во неутрална нијанса, комбинирајте го со шарена кошула или со ѓердан со камчиња во боја. Ако во вашата канцеларија е дозволен кежуал бизнис стил, тогаш комбинирајте шарено здолниште со нежен кардиган и интересни чевли.
Нема коментари