Облечете се во бела комбинација од костим со панталони по примерот на Кралица Максима од Холандија, додадете модни додатоци во светло кафена боја, и овој изглед можете да го примените за деловни пригоди кога се бара попрофесионален дрескод. Во оваа комбинација кралицата се појави на симпозиум за економија во Хаг, а во стајлингот вметнала елементи во боја на песок – плетен горед дел, ремен, класични салонки и мала чанта. Овој изглед е погоден за конференција, деловен состанок, но и за ручек со бизнис партнерите.
Нема коментари