Модните брендови кои негуваат елеганција и префинетост, често имаат добар избор на облека што одговара за на работа. Massimo Dutti е еден од нив и во новата колекција предложи мошне деловни комбинации кои можат да се носат во строгиот корпоративен свет, но и во полежерни професионални канцеларии. Новите комбинации одговараат за есенскиот стил, но потоплите парчиња како капутите, плетените ролки и високите чизми ќе се носат и во зима. Во понудата има и неколку верзии на панталони, елегантни кошули со панделка, костими, миди фустани со ситен принт, сакоа и палта од букле. Боите се загасити и есенски, покрај црната и белата, доминираат кафените тонови.
Нема коментари