Шпанскиот бренд „Манго“ понуди нови креации соодвени за во канцеларија, како модерна верзија на деловната униформа – костим со елегантни панталони, бело сако со ремен и дворедно со линии, едноставен црн плетен фустан и еден за коктел средби. Во својот едиторијал брендот претстави посмел стајлинг, но тоа не значи дека на работа ќе отидете во апостолки. Овие летни обувки во бизнис верзијата ќе ги замените со класични салонки или пак модерни балетанки доколку сакате да постигнете некласичен изглед. „Манго“ нуди и алтернатива на класичните тесни панталони во облик на трендовски модел со пошироки ногавици.
Нема коментари