Нова доза на идеи за бизнис-изглед во лето кои се темелат на употреба на бела боја, лежерни фустани, природни ткаенини, џинс за полиберални канцеларии, а дел од комбинацијата содржат две задолжителни деловни модни парчиња – бела кошула и молив-здолниште.
Класична бела кошула и здолниште до под колена во иста боја, комбинирани со додатоци во неутрална бежова боја – минимализам за работни места со покласичен деловен код.
Повторно бела кошула, но сосема поинаков стајлинг. Кошулата има построг крој, но волуменозна форма, а комбинирана е со тесно молив-здолниште и класични салонки. Едноставно, шик и многу cool.
Лежерен фустан со точки, текскасна јакна и жар црвена чанта – еве еден стилистички спој на Брук, една од уредничките во одделот за модни додатоци во американскиот магазин Glamour.
Здолнилништето со висока половина секогаш е правилен избор за деловен стил. Спојте го свилена блуза и металик-сандали со шпиц за потренди, дамски изглед по примерот на блогерката Ханели Мустапарта.
Фустан од тексасно платно!? Зошто да не! Краток, забавен, со сандали од јута и чанта во јака нијанса, одлично одговара за работни места кои дозволуваат послободен деловен стил.
Пастелните тонови заедно со белата боја се вистински избор во лето, а кога се споени е уште подобро. Овде гледаме женствена комбинација од пастелно здолниште со бела блуза со нежен дезен и бело палто, дополнети со чанта во минт нијанса.
Панталоните со ситен цветен дезен и белото палто се основа на стајлингот, а комбинацијата е разиграна со чанта со златни нитни и со чевли во интензивно сина боја.
Нема коментари