Во фотогалериите со улична мода од целиот свет најчесто среќаваме необични, откачени, екставагантни, па дури и нереални изгледи, но може да се најдат и комбинации достојни за избор за во канцеларија. Удобни и носливи комбинации кои со малку измени и додадоци одговараат на деловениот дрес-код. Па така шареното здолниште кроено во круг е адекватно за на работа ако е споено со еднобојни парчиња со едноставен крој. Верувајте им на неутралните тонови, но вметнувајте и облека во јаки бои. Базичните парчиња како бела кошула и црно сако секогаш се полн погодок. Внимателно и умерено со трендовите и применете оние што најмногу одговараат за во канцеларија, како широки панталони со висок струк, пенкало-здолниште во невообичаена боја или мантил со деконструиран крој.
Нема коментари