Костим со куси панталони, фустан на преклоп, широк кошула-фустан и уште неколку идеи за летен деловен изглед кој одговара за различни професии и бизнис дрескод. Има нешто за класична канцеларија i административна работа, но и предлози за работни места кои дозволуваат покежуал стил. Цветно здолниште, бела маица и сандали со полna пета. Ова е супер избор за лето кога најчесто бираме бела и памучна облека, но комбинацијата е далеку од едноставна благодарение на здолништето со впечатлив принт. Костим со куси панталони за на работа!? Зошто да не? Важно е панталоните да не бидат екстра куси, на работа сепак не треба да се појавите во шорцеви. Костимот е дополнет со блуза со светкави апликации и сребрени чевли. Волуменозен кошула-фустан во бела боја за неизмерно пријатно чувство во лето. Комбинирајте со ниски чевли и со часовник во машки стил, како и со голема работна чанта. Комбинација за оние што сакаат бои и шари – плисирано здолниште до колена и блуза без ракави во сини тонови. Стајлингот е комплетиран со акценти во бои, како малата крагна, шарената чанта и тиркизните сандали. Класично сако, шарено здолниште и црни салонки за дамски изглед во канцеларија. Сепак, и оваа класична комбинација е малку разиграна со кројот и шарата на здолништето. Безвременскиот фустан на преклоп е секогаш добра идеја, кој поради кројот и геометриската шара на ткаенината ѝ ласка на секоја женска силуета. Додадете класични сандали и мала чанта, и подготвени сте за деловен состанок.
Нема коментари