Актерката Кејт Бланшет деновиве имаше неколку појавувања во Њујорк додека го промовира новиот филм, некои од нејзините модни комбинации се пример како треба да изгледа есенскиот деловен изглед – панталони со висока половина, блуза со карнери или со панделка околу вратот, добро скроено сако, едноставна бела кошула и елегантни салонки. Некои од модните парчиња се класика на бизнис дрескодот, а широките панталони и розовиот костим се поведра и потрендовска опција за во канцеларија.
Нема коментари