Покрај вечната женска дилема „што да облечам денес“, ќе ја додадеме и онаа „која чанта да ја изберам за на работа“, знаејќи дека треба да го следиме деловниот дрескод, да избереме модел што ни се допаѓа и кој ќе ги собере сите нешта потребни за во канцеларија. Општите насоки се дека деловната чанта треба да е еднобојна, најдобро во неутрална нијанса, да е со средна големина, да е ослободена од непотребни украси и да има структурален облик. Таа треба да биде квалитетна, неретко вистинска инвестиција која ќе го надополни вашиот бизниз изглед, но добрата страна што убави модели ќе најдете и кај брендовите со достапни цени, како на пример кај Parfois, од каде ги издвоивме овие чанти соодветни за вашето работно место.
Нема коментари