Кога не е на модната писта американската супермоделка Карли Клос успева да им одолеее на актуелните трендови и откачени комбинации и претпочита класичен безвременски изглед. За време на париската модна недела таа сработи неколку ревии и трчаше на хуманитарен маратон заедно со Наталија Водјанова, а во периодите помеѓу ангажманите ја забележавме во елегантни, некои и лежерни комбинации составени од базични модни парчиња кои можат да се носат и во канцеларија. Класични панталони, едноставни блузи и кошули, добро скроени палта, квалитетни чанти и салонки, ова е дел од нејзиниот имиџ кој е еквавилент на деловен имиџ и кој го видовме кај Карли во последниве недели.
Нема коментари