Здолништата со таканаречениот молив-крој, припиени здолништа најчесто со миди должина, се класика на деловното облекување. Во пролетните и летните месеци бираме модели во бела (или светла) боја, а за склопување модна комбинација достојна за корпоративниот свет, нудиме неколку изгледи во кои преовладуваат елеганцијата и класиката. Изгледот е построг, а белото молив-здолниште најдобро е да се комбинира со едноставна кошула, сако со класичен крој, салонки и деловна чанта.
Нема коментари