Кога ви треба идеја каков фустан да изберете за на работа во топлата летна сезона највисокото на списокот треба да е белиот кошула-фустан од лен или памук, кој е совршен стил што спојува деловност и лежерност каква што ви е потребна во жешките денови. Што е кошула-фустанот? Во основа, подолга верзија на класична кошула, со малку поширок крој, креација која е всушност долга кошула, ама се однесува како фустан.
Како облека што може да се носи во канцеларија, мошне е важно како се комбинира – модел на фустан со покласичен и подефиниран крој во комбинација со бежови салонки и голема структурирана чанта за работни места со построг деловен код, додека ленените верзии на кошула-фустанот со ниски сандали или трендовски кломпи за покреативни и полежерни работни места. Бежовите и неутралните модни додатоци се најдобар избор, а може стајлингот да го дополните со ремен, часовник, балетанки, бели патики, шопинг-чанти и деликатен накит.
Нема коментари