Сите знаеме дека белата е бојата на летото, ама исто така знаеме дека е многу деликатна за носење, особено кога станува збор за гардероба за во канцеларија. Потребна е умешност да се спојат белата боја и деловниот костим со панталони за да се добие летна бизнис варијанта. Добитната деловна комбинација за овој период е бело добро скроено сако, бели панталони со потесен или поширок крој (по ваш избор), заедно со едноставна бела или блуза во неутрална нијанса, светли чевли и миналистички накит. Во потоплите денови блејзерот може да го замените со трендовско сако без ракави.
Нема коментари