Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, сега веќе Амал Клуни се врати на работа две недели по свадбата во Венеција. Амал е дел од советничкиот тим ангажиран од страна на Грција во борбата да си ги врати мермерните плочи од Партенон донесени во Велика Британија во 19 век од страна на Лорд Елдин. Амал деновиве престојуваше во Атина и за таа пригода избра неколку елегантни комбинации. Најмногу внимание привлече кога се појави во светол фустан со зелени линии и со едноставен класичен крој, со кој избра и златни чевли со средни потпетици, дискретни обетки и модел на чанта крстен по неа „Амал“ од брендот Ballin.
Оваа деловна комбинација ја препорачуваме за елегантен изглед во канцеларија.
За посета на музејот „Акрополис“ Амал облече бел класичен костим со црни чевли и чанта, а за вечерната посета на музејот избра портокалов фустан и сандали од Долче и Габана. Кога пристигна во Атина адвокатката се појави во кафени панталони и бело болеро, а на враќање Лондон, на аеродромот Хитроу е забележана во црно-бел фустан од Оскар де ла Рента.
Познатата адвокатка се врати на старите правила на елегенатен деловен изглед, но притоа изгледа современо, а не нападно и ретро. Амал вчера се најде на четврто место на листата на највлијателни личности во Велика Британиоја според весникот Evening Standard, односно е првата жена на листата, а сè повеќе потврдува дека ќе се биде дел и од листите за најдобро облечени личности. Наликува на Џеки Кенеди, нели? Џорџ и новата сопруга изгледа сериозно да се подготвуваат за влез во Белата куќа…
Нема коментари