Не е тајна дека во нашата модна редакција не сме фанови на премногу долги, ултра украсени и нападни нокти и секогаш советуваме да ја почитувате тенденцијата на уредни и негувани нокти, деликатен маникир, минимализам и безбојна боја на лак како основа. Но, понекогаш е убаво кога ноктите се украсени со празнични елементи. Црвената, златната, нежните светки, ѕвездичките се погодни за малку посвечен маникир кој можеме да го примениме во претстојните празнични денови.
Нема коментари