Вечерва со почеток во 20 часот, во просториите на “Јавна Соба” ќе се одржи еднодневната изложба на накит со наслов “Предизвикано/Создадено”. Овој настан го финализира проектот „Дизајн Предизвик”, кој е игра осмислена од страна на дизајнерките Јана Ацевска и Мима Пејоска, со цел поттикнување на креативноста и разигрување на стиловите и техниките во делот на изработка на накит. Играта на креирање “Дизајн предизвик” започнa со селекција на седуммината најкреативни апликанти. Секој избран учесник доби мал пакет со идентични материјали и алатки како и правила на игра.
Креативците, работејќи во свој личен простор, имаа рок од точно десет дена да изнајдат свое решение за пристап на зададената задача за изработка на најмалку еднопарче накит или носливо парче уметност, следејќи ги правилата на игра. Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап беше менториран од страна на дизајнерките на накит, Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно идокументиран на веб страницата www.designtatamata.com.
На вечерашната изложба ќе бидат претставен резултатот од оваа игра, односно делата од авторите Анита Силановска, Јасмина Главинче, Искра Геразова, Александар Пешевски, Ксенија Котев, Маја Стојковска и WE Jewellery брендот под кои творат Дафина Џепароска и Нита Муча.
Нема коментари