Сликите на младиот македонски уметник Михаил Корубин- Михо се дел од линијата производи на GelaSkins, која денеска ќе биде достапна за продажба во светот, јавува сајтот divianarts.com. Во соработка со една од најпознатите компании за производство на футроли, неговите дела ќе се најдат на футроли и налепници отпорни на гребење за голем број дигитални апарати: iPhone, iPad , Samsung, лаптопи и друго. Оваа фирма е позната по ексклузивните дизајнерски и уметнички композиции создадени од патентиран м3 материјал кој е отпорен на оштетување и прашина. Погледнете ги делата на Корубин, аплицирани на различните дигитални апарати.
Михаил е трета генерација на визуелни уметници во неговото семејство, наследувајќи ги своите дедо-сликар, Миле Корубин и татко-уметник Рубенс Корубин. Има дипломирано на факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на Благоја Маневски, кој му беше и ментор за магистерските студии.
Нема коментари