Живејте живот на супермодел со фотогенична колекција на мебел, сугерира порталот Domaine и предлага креации за домот инспириани од фотографии од Кејт Мос. Супермоделката долго време е извор на стилска инспирација со својот луксузен рокерско-боемски стил, а еве сега е инспирација за декор за домот. Од фотелја со пругаст дезен според костим за капење, уметнички слики инспирирани од облека со принт, до лустер инспириран од светкав фустан со реси, уредниците за ентерир посегнаа по модни фотографии со Мос за да најдат идеја за уредување. Инспиративно и забавно!
Нема коментари