Просторот во кој работат дизајнерите вообичаено е креативен и инспиративен, таков е случајот и со канцеларијата на дизајнерката на накит Кендра Скот, сместена во Остин, Тексас. Креаторката препознатлива по колоритниот модерен накит во сличен стил го декорирала и своето работно катче – со елементи во јаки бои, дезени и стари парчиња мебел. Нејзината канцеларија е забавна колку и нејзините шарени ѓердани, обетки и прстени.
-Кога го почнував бизнисот, букватно сè правев од гостинската спална соба во мојот дом, од правењето накит до комуникацијата со купувачите и продавниците. На почетокот немавме пари да инвестираме во вистинска канцеларија – вели Скот за тоа како го започнала бизнисот.
Една работа има постојано во нејзината канцеларија – свежо цвеќе. Според неа, има нешто многу примамливо во аранжирањето на цвеќе со кое веднаш живнува просторијата, благодарение на убавите бои, текстури и мириси.
Оваа фотографија илустрира како да употребите килим со животински принт, а да го избегнете кич моментот. Според Кендра, клучно е остатокот од просторијата да е исполнет со парчиња мебел со чисти и едноставни линии. Овде фокусот е ставен на килимот со шара на зебра и на старинското биро во тиркизна боја. Бирото всушност претставува стилски исказ, раскажува приказна за минатите времиња и за влијанијата од целиот свет. Забележувате дека остатокот од просторијата е во неутрални бои.
- Апсолутно најомилен дел од канцеларијата ми е бирото, прекрасно дрвено парче со ориентални акценти, обоено во тиркизна боја и покриено со панели од мермер во горниот дел. Ова е тоа акцентирање со боја која кое може да се забележи и во мојот накит – вели Кендра.
Дизајните на Кендра се богати со боја, а тој израз може да се забележи и во нејзината канцеларија. Таа работи од Остин, својата компанија ја лансира пред 10 години со буџет од 500 долари, а денес има свои продавници во повеќе градови во САД и нејзиниот накит го носат Рис Витерпун, Хилари Даф, Софија Вергара и Кетрин Хајгел.
Нема коментари