Фасцинирани од шведскиот стил на уредување постојано сме во потрага по следниот супер апартман забележан на интернет порталите или директно на страница Alvhem, небаре навистина бараме да купиме стан во Шведска, наидовме и на овој апартман сместен во поткровје во Гетеборг. Карактеритичниот прочистен модернистички декор, белите ѕидови и едноставниот мебел во неутрални нијанси во случајов е разигран со шарени килими во етно стил и колоритни перничиња. Бидејќи станот е во поткровје ѕидовите се накривени, а прозорите како да се сместени во ниши. Комплетниот стан има само 85 метри квадратни, две спални соби, пространо купатило, но полн погодок е малата галерија до која се стига по дрвени скали и која е замислена како библиотека и медитативен простор за релаксирање.
Нема коментари