Црно-белите комбинации во декорирањето на ентериер често може да изгледаат студено, мрачно и непривлечно, а црната боја освен со одредени акценти се избегнува како тематска боја. Но, во овој стан сместен во стара зграда во еден скандинавски град, монохроматската палета е успешно поставена. Поради доминантноста на белата боја во мебелот, ѕидовите и подовите, како и смислената употреба на црната, домот изгледа светол и удобен, и претставува надополнување на минмалистичкиот црно-бел моден стил на сопственичката.
Нема коментари