Обожавателите со нетрпение ја чекаат денешната премиера на третата сезона од телевизиската политичка драма „Куќа од карти“, а сега е вистинско време да прошетаме низ резиденцијата на главниот лик Френк Андервуд и неговата подеднакво амбициозна сопруга Клер. Нивната куќа се наоѓа на познатата вашингтонска Пенсилванија авенија, а е уредена во типичен стил на амриканска висока класа. Палетата е неутрална, со сивкасто-сини тонови кои го следат ледениот поглед на Клер и нејзиниот минималистички и строг стил.
Куќата на Андервуд е во викторијански стил, со високи плафони, украсни лајсни и со дрвени капаци на прозорите. Ова е најочигледно во трпезаријата и во неколку парчиња мебел со старински изглед. Дневната соба е богата со махагони детали, елегантни столици и софа од дамаска ткаенина во неутрална боја. Едноставната линија и строгиот стил продолжува и во спалната соба, но овде се среќаваат и неколку полуксузни детали како сребренот огредало на тоалетната масичка на Клер. Интересот на Клер за фотографија и современа уметност најдобро се осликува во кујната која за разлика од остатокот од домот, уредена е во индустриски стил и со модерни уреди.
Нема коментари