Уметничкиот експерт, антиквар и сопственик на галерија Стефан Оливие го открива својот париски апартман во кој се слави животот и уметноста преку стар мебел, вибрантни предмети и дела со уникатна естетика. Оливие во декорот прави мешавина на различни стилови и периоди илустриран преку разновидни парчиња мебел, уметнички скулптури, стаклени предмети и светилки. Во тој микс има мебел од 60-тите и 70-тите години, кинески вази од 5 век, црно-бели фотографии на ѕидовите, сфери од 19 век, украсни вази од мурано-стакло, неонски натпис донесен од Њујорк, разни предмети поставени во стаклени ѕвона, кујнски стоици во француски стил од 18 век и одлична колекција на светилки, но комплетното уредување е финиширано со современи акценти. Целиот овој еклектичен збир е сместен во станот на Оливие во зграда од 18 во парискиот Сан Жермен де Пре.
Нема коментари