Мeшавина од компир, други зеленчуци, варени јајца, кашкавал, шунка, мајонез, руската салата е класика на новогодишната трпеза и е толку очигледен оброк што сите го подготвуваме овој период.
Руската салата, или оригинално наречена Olivier, прв пат ја претставува куварот Лусиен Оливие во ресторанот „Eрмитаж“ во Москва, во 1860 година, а со децении е популарна кај нас и во регионот.
Но, еве идеја како да ја послужите на поинаков начин – состојките се исечени на покрупни парчиња, салатата е растурена во чинијата, украсена е со магданос или копар, половинки варено јајце и за малку неочекуван момент додадете кавијар.
Еве и една порадикална идеја – наместо парчињата зеленчук да се сецкаат на парчиња, може да се послужат цели.
Во крајна линија, идејата е да бидете креативни во начинот на служење на ова класична новогодишна салата.
View this post on Instagram
Оливье по матюшински #olivier #oliviersalad #вкуснопокушатьказань #загородныйресторан #кудапойтивказани#боровоематюшино A post shared byT
View this post on InstagramA post shared by Irmy Chiri (@irmychiri) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари