Шведскиот бренд за секојдневна облека, H&M, претстави нови фотографии од кампањата за долна облека, во која ѕвезда е фудбалерот Дејвид Бекам. Триесет и осумгодишниот спортист и трендсетер позира разголен со новите памучни модели со подобрена квалитет. Фотографиите се појавуваат во јавност еден ден по промоцијата на новото видео за снимањето на рекламата за H&M од режисерот на филмот „Вози“, Николас Виндинг Рефн. На снимката Бекам трча околу Лондон. Видеото ќе биде промовирано на 2 февруари, за време на Супербол.
Нема коментари