Легендарниот фотограф Питер Линдберг го фотографира британскиот фудбалер Дејвид Бекам за новата кампања на Belstaff. На црно-белата сесија Бекам се појавува во моторџиски стил, со кожени јакни во навидум валкан, бунтовнички стајлинг, со износени панталони и каубојки. На сетот, дизајниран од Енди Хилман, го опкужува бунтовничко друштво со кожени и џинс модели. Покрај него во кампањата пролет-лето 2014 се појавува топ-моделот Андреа Диакони. Фризурата е на Алајан Покон, а шминката на Петрос Петрохолос.
Нема коментари