Младиот американски актер Дејн Дихан се појавува во кампањата за машката колекција за пролет-лето 2014 на „Прада“. Ова е негов втор ангажман во реклама на италијанскиот бренд. Претходно ја промовира линијата за сезоната пролет-лето 2013. Со овој ангажман им се придружи на ѕвезди како: Гери Олдман, Кристоф Волц, Вилем Дефо и Тоби Мегваер, кои досега биле заштитни лица на „Прада“.
Фотографиите за новата колекција ги направи славната Ени Либовиц, која првпат работо на промофотосесија за „Прада“.
Дваесет и седумгодишниот Дихан е еден од најголемите надежи на Холивуд. Има играно во повеќе серии, како „На лечење“, „Вистинска крв“…., како и во филмовите „Безаконие“, „Линколн“, во новиот филм за Човекот-пајак и други. Номиниран е за наградата БАФТА, во категоријата за најталентиран актер.
Нема коментари